најголем (прид.) - желба (имн.)

Се радувала што синот, најпосле, ѝ ја исполнилнејзината најголема желба, а плачела при помислата дека, во тие времиња на војна, тој не ќе го најде вистинскиот пат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ми рече дека морал да го прави тоа, светот на модата отсекогаш му била најголема желба во животот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас сам, овде во оваа сива гасовита пустина, не сакам ни да останам и затоа мојата најголема желба сега е да умрам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Веќе подолго време тој е предмет на нашите разговори и шеги, тој ни стана најголемата желба.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Беше со куца нога и троа рогат, но со најголема желба да заличи на Бога.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Негова најголема желба била, пишува Шатев „по секоја цена да не отстрани од Солун, па дури и да умреме во некаква затворска ќелија, само и само да не бидеме во Солун, каде што тој сакаше да биде спокоен за да ги спроведува своите цели како натрапен водач на едно движење на кое тој, поскоро му беше противник, а сега, по една случајност на сложените настани, беше станал раководна личност“74.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ни самиот не можеше да поверува дека неговата најголема желба му се остварила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас бев легната во креветот, таа седната крај мене, во собата беше изгасната светилката, па не можев да ѝ го видам лицето кога ја изговори таа чудна реченица.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога го испраќавме на аеродромот, сите бевме среќни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Наместо да го каже тоа што секогаш го кажуваше, мајка ми, откако ги ислуша моите редовни поплаки на тема – „неоствареноста на мојата најголема желба”, спокојно изговори: - Бреза, една среда ние двете ќе заминеме за Париз.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сите кои поминаа низ менѓемето на времето пред и по поразот, со најголеми желби сакам да ги оставам со нивните мисли, со нивните спомени и болки кои не се само дел од нив, туку се нивен живот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да му даде за право што не сакаше да ѝ ја исполни најголемата желба во животот, да заминат во Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мил се качуваше кај дувалото и како потајно да се радуваше: со активирањето на вулканот ќе му се даде можност да ја оствари својата најголема желба - да создаде жива материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)