најголем (прид.) - грешка (имн.)

Кога останаа сами, докторот не сфати дека е тоа најголемата грешка во неговиот долг, добродушен живот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во тој миг отец Стефан ја направи најголемата грешка, оти се вмеша во одбрана на отец Пелазгиј.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сè повеќе сфаќаше дека негова најголема грешка е што се врати кај нив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија сфаќаше дека најголема грешка ѝ беше што го смени државјанството.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Големите заблуди, се чини, секогаш доаѓале оттаму што во различни времиња, најголемите грешки се правеле во името токму на постоењето на новиот човек, натчовекот, неговото красење со незаслужени ореоли.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Првин за човекот, а потоа за книгата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Претседателот на писателите се најде во небрано, не знаеше како да продолжи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Што да запомнам, Аритоне Јаковлески? - праша Кејтеновиот син како воопшто да не беше тепан; тоа беше негова најголема грешка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, по ред, за да се стигне до Беломорскиот канал, кој требаше да ги поврзе Белото и Балтичкото Море, до најголемата грешка на Сталин рамна на лудост.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)