најголем (прид.) - болка (имн.)

Тој велеше дека е таа нашата најголема болка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја гледаше Рада како во прегратка го држи "лотосовиот цвет", таа глетка беше најголема болка во нејзиниот мозок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак, од своето скромно животно искуство, сфатив дека неискрените имаат најголема болка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во животот, тој си беше таков, и најголемите болки, сам ги преболуваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Иако понекогаш ми се чини дека во него самиот, внатре, е искината мембраната што го спојуваше со светот, тој, и, кога има најголеми болки, размислува со надеж.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Немојте никогаш да ја премолчите љубовта, тоа е најголемата болка и казна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потоа со бавни чекори, се упати кон собата - истата соба каде што ја осети најголемата радост и најголемата болка во животот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Немојте никогаш да забраните нечија љубов, тоа е најголемото зло и најголемиот грев кој никогаш нема да ви биде простен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)