највисок (прид.) - гранка (имн.)

Во мигот кога во себе ја плетев оваа надежна мисла, на највисоката гранка на дрвото над кучкарникот, слета гиздав сокол. Застана на гранката гордо и достоинствено.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од највисоката гранка на белата муренка црната птица уште еднаш ги пребројува мртвите тела кои пловат по маночо и живите рани обложени со вистински воздишки.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
„Нели, најрано созреваат оние плодови што ќе из'ртат на највисоката гранка и на најпогодно место за да можат да му се изложат веднаш на сонцето?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште е отворено прашањето дали ветрот има сенка и до кога ќе трае пирот на ветрогоните и бездушното гмечење на плодовите на сите муренки во светот. на кората на стеблото на белата муренка е втиснато ракувањето со иднината: бело пиле со црвено перче од највисоката гранка на белата муренка севезден пее за мугра ведра на исла негра.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Мислам дека ова прашање што беше упатено од највисоката гранка беше причина за оној коментар на Катерина, за кој подоцна тврдеше дека не се сеќава оти го изговорила.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од највисоката гранка се гледаше надалеку и нашироко.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)