највисок (прид.) - врв (имн.)

Четниците тргнаа по војводите на спротивната страна од Милана, назад кон Ливада, со надеж да се искачат на тој највисок врв и да ги најдат своите другари Попов, Сугарев, и Цилета и да ја поделат борбата и судбината, но на двесте триста метра под чуката просто нагазија на залегнатиот аскер, кој ги дочека со плотун од десет метра растојание.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Другите залегнаа во растот и отворија оган, a пo кратко време затрештија и бомбите, но аскерот не се раздвои.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Има збор што може и на највисокиот врв да те искачи прв.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Инаку, највисокиот врв на ЕКСПО организаторите успеале да го искористат за продажба на сувенири - пред сè во знак на Атомиумот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште како бебе, ставена во кенгурската торбичка, татко ѝ ја искачи на највисоките врвови во Југославија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога во пустината Мохаве ќе се качиш на највисокиот врв, под тебе се протегаат суви долини прошарани со кактуси и Џошуа Трис, песочни ридови и карпести планини, некакви езера и слични фатаморгани...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Спокојната и упорна решеност на Глигор да го употреби својот живот за постигање на идеалот што беше некогаш највисок врв на кој требаше да слета и Арсо, му се чинеше само неостварен и никогаш неостварлив сон.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ПЕЛИСТЕР (2601 м), највисок врв на планината Баба - која се протега помеѓу Преспанското езеро и Битолското поле; тој е најдоминантен врв во овој дел на Република Македонија, од каде се простира широк и прекрасен панорамски видик.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Верскиот антагонизам беше на својот највисок врв, до безмилосно истребување.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Робот го прогласиле за цар.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Робот и војниците му ја отсекоја главата на џинот и ја поставиле на највисокиот врв да се гледа од сите страни.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Значи, манастирот се наоѓа во поднежјето на големиот планински масив Караџица, со највисок врв Солунска Глава - 2 540m.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На ова подрачје се наоѓа Голем Кораб - највисок врв во Македонија, 2 864 метри, највисок извор во Македонија, на 2 200 метри извор на Радика со најбистра, кристално чиста вода, богата со пастрмки.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На највисоките врвови на буките слетуваа гулаби и се прибираа за ноќевање.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)