наш (прид.) - пуст (прид.)

Ех она наше пусто Гладно Поле, го знаеш - кај институтот, треба да се сади со компири, - рече тој мечтателно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И не знам зошто, ама некоја грутка ми го стегна грлото, градите ми се скаменија од јад и некоја мака, некој голем с`клет ме фати по тие наши пусти и крвави планини...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А Мајка ја носеше и врската клучеви, клучевите на нашето враќање, клучевите на нашата пуста надеж.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)