наш (прид.) - постојан (прид.)

„Томе, во врска со нашата постојана тема - депонии, течеграфски да информирам за писмото од Крива Паланка“, стана Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Оваа појава подоцна ја доведував во врска со нашата постојана балканизација, односно ропскиот менталитет кој не дозволуваше да излеземе од орбитата на деспотската власт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во четвртиот дел на најдебелите досега “Маргински елементи на самосвест”, делумно и како вовед во малиот тематски блок за Борхес, го пренесуваме текстот “Борхес и Дерида”. (...) Статусот на интелигенцијата е заснован врз еден систем од распространета измама, организирана по станици и меѓустаници, толку заплеткани и меѓусебно оддалечени што, во случај оваа или онаа станица да падне, целината не се доведува во опасност; но, кога ќе се појави решителен превратник, голем саботер, оној којшто удира врз централата, се дава знак за узбуна и членовите на заедницата од сите чинови јуришаат на бедемите со врело масло.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За оваа прилика, во нашата постојана рубрика, одбравме да одговориме на некои од прашањата што на некој начин ги отвора текстот на г-динот Банда(ш): 1) зошто презир кон тнр. естаблишмент?; 2) зошто сленг?; 3) зошто псевдоними?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)