наш (прид.) - интимен (прид.)

Како да знаеше за нашата, интимна трагедија, најголемата загуба која може да ја има човек во животот, да го изгуби своето чедо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да доплива до него за да го одржиме нашиот интимен душевен ритуал.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На ова тело сеуште ги чувствувам трагите од тој допир, мек, нежен, сигурен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас и ти, вистинско време за страст, од жештината ни се лепат усните и после допирите се чувствуваат капки пот по вжарените тела, а импресионистичкото менување на светлината ги открива нашите интимни тајни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Беше тоа нашата интимна, внатрешна Картагина, која тешко можеше да ја прикрие било кој израз и насмевка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)