наш (прид.) - денешен (прид.)

Математичарот и теоретичарот на компјутерските науки (од САД) Hans P. Moravec (роден 1948) во својата расправа Универзален робот (1991) ја заострува проблематиката на модерната роботика во смисла, дека нашите денешни најдобри компјутерски водени роботи се способни да симулираат само нервен систем на некој си инсект; често откажуваат при задачите што би ги извршило и шестомесечно бебе (кога се работи за идентификација на предмети и нивно придвижување).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како да се нагласи релевантноста на лажли­вите сетила и сознајните функции, кои не се aisthesis и mimezis само претпоставки на уметноста, туку прв услов на човековата ориентација во светот, неговото секојдневно наоѓање на место во просторот и времето.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Камилски, свесен за убавината на последните зборови што ги изговори, убаво ги нагласи, предизвикувајќи го саканиот ефект и кај Татко: Прекрасно, прекрасно, мој Камилски, со ова можеме да сметаме дека е завршена нашата денешна расправа за контроверзниот курбан?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
108. Дека и оваа мисла на Мисирков е точна покажува целиот понатамошен развиток и посебно нашата денешна слобода врз точно истите основни принципи, но дека тоа се согледувало и во тоа време, најдобро сведочи пак загрижениот за бугарштината во Македонија Е.Спространов, кој, меѓутоа, не можел да се ослободи и од македонското во себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука, исто како во нивните затвори за непослушните тагови, се произведоа речиси сите наши денешни тагови, наредбодавци и извршители.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Така, размислата на академик Божин Павловски дали треба да се побрза со преведувањето на делата на Стојан Христов на македонски јазик, академик Блаже Конески, меѓу другото, му посочил на овој наш денешен деец исто така Македонец од Македонија и Македонец од македонската дијаспора: Кога се интересирав дали треба да се побрза со приопштувањето на македонските автори кои создале дела на други јазици, тој (Блаже Конески) ме охрабри со тврдењето дека се работи за творештво кое природно ќе си легне во нашите традиции.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кој е во состојба да наведе пример на таков апсолутен исказ во нашата денешна уметност?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)