наш (прид.) - главен (прид.)

Во нашиот главен град Тирана и во многу други градови извишивме негови вечни споменици.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа пак, збунетата наивка, која штотуку пристигнала во нашиот главен град да го практикува најстариот занает, ни две ни три, ми го залепи она што не го барав од неа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Меѓу мајчината постелица и семејната гробница тој е наша главна меѓустаница.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Јас, другари команданти, морам да кажам, дека на едно советување што се одржа во нашиот Главен штаб, меѓу другото го поставив и прашањето: што да правиме ако дојдеме во ситуација да бидеме потиснати од Пинд?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа глетка, која што е истовре­мено глетка на агонија и апогеј на капиталот, далеку ја надминува глетката на робата која што ја опишале ситуационистите. Таа глетка е нашата главна сила.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ти мислиш, би рекол дека наша главна задача е да измислуваме нови зборови. Тоа воопшто не е точно!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навикнав странците да ме прашуваат како ми е зад „железната завеса“, срдечно да ми објаснуваат дека биле во мојата Југословакија и дека нашиот главен град Будимпешта е прекрасен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)