наш (прид.) - човек (имн.)

Утредента Лука Карер ја изведуваше својата операција на контрола на времето, на пристанишниот мол.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Карер го гледаше возбудениот човек и му даде знак да продолжи.  „Само што ни дојде писмо од Атина по еден наш човек...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А зашто таму, каде што се пазари, нашиот човек секогаш е надмудрен, секогаш во „печалба“, останат со поиспразнет џеп.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Тоа е наш човек, пријател на Кире.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Наш човек е, - рече. - Ќе ти го чува магарето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Немаме големи пориви, знаеме дека судбината нема некаков спирален тек, туку дека е едно неумитно преповторување на погибелни циклуси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Години и години живеев во прелага дека добро ја познавам психологијата на нашиот човек, и по многу искушенија и самиот дојдов до сознание дека ни е судено да се остваруваме во јазикот: некој беше рекол дека врз јазикот сум прикован како разбојник на крст.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Организацијата пак сака друго: Секој наш човек — рисјанин — да постане јатак, секој да постане селцки кумита; дење да ора и копа, ноќе да тргне со тебе да ти помогне во твоата работа ако ти е тешка сам да а свршиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сефедин мој човек, наш човек. Ако чинит да направиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој час наш човек ми кажа дека овие дни — салам и тој не знае кога — ќе имаш гости од планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, јас су пратен од таа организациа да ти го кажа воа и тебе, како шо го кажуам на секој наш човек кој шо сака да му помогче на својот народ. A јас су уверен дека ти сакаш, и се гледа дека сакаш, ама не умееш најарно да работиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Еве како: ти си Прочуен војвода, те познаваат и ти веруваат селаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тиа што ќе откинат и побегнат, да не можат да се вратат веќе, макар колку аскер и заптии да доведат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толку за сега. Потаму ќе ти јавам ако излезе нешто ново, а и ти веднаш чини абер ако забележиш нешто слично во твојот мудурлак".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Седни де, ај седни, седни, па кажуј, да слушнеме што мислиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тој почна: — Толе, ти си наш човек, мариовец, наруден човек, јунак си и веќе прочуен не само наше Мариово, ами и по Прилепцко — Битолцко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама понатака не можиш да а тераш сам. — Оти да не можа? — го прекина Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стореното е сторено, сеедно кој го сторил, наш човек го сторил, наш човек го стори, сега да видиме како ќе се одбраниме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нашата партија конечно триумфираше на патот на ослободувањето на нашиот човек од оковите на верата, вековните предрасуди...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Наш човек ни оти украл, ни оти отепал... И ако отепал за пари не, никој Турчин — јанќесеџија!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
СОФРЕ: За тоа и кој да е. За наш човек не се чуло нешто лошо, ниту сега, ни оти пак во турското.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Зошто токму сега и тука се повторуваат таквите сновиденија и на наш човек? Зошто?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Друго, нашиот човек нема никакви забелешки, ниту на војната во Ирак, ниту на она што се случува во Косово, ниту пак во Западна Македонија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од некој наш човек, или од некое војниче кај што бувтат топовите?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, ние ќе бараме изговори, ќе успееме дури и да поставиме некој наш човек во Парламентот или во министерствата, ќе ја потсмириме работата, простиот свет ќе се помири со фактите, а ние ќе одиме сè повисоко и повисоко во небото, во величествен прогон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Синот на инженерот Ајфел, зашто великиот татко веќе од пред повеќе години беше умрен и погребан, пребледе како крпа. Зар бевме во можност да се бориме?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Татковино, мислеше или говореше, ќе ти ги измиеме раните од војната, и за нашиот човек сега грее сонцето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но вообичаено ги гледа еднаш – два пати и ги брише од нејзиниот компјутер. Нашиот човек...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не си белким сериозна дека нашиот човек од послугата и го снимил ова?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Значи, додека Симона се туширала со своите пријатели, а можеби и ја продолжила својата групна романса под нејзиниот златен туш, нашиот човек го префрлил филмот на неговиот стик.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Лесна работа е со Милана. Наш човек е, „муцкало“ и тој, како Пушмарка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете што ти е наш човек: голем мерак по успех и слава, ама уште поголем по јадење бурек.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кога нештата ќе тргнат удолу, на нашиот човек крива му е Владата, државата, комшиите, родителите, пријателите, колегите, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за спречување на перење пари, Здружението на филателисти од Берово, минимаркетот „Кики комерц“ и автопревозникот „Ц’мба транс“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Нашиот човек мојата наредба ја изврши во целост поради што Ви ја испраќам оваа строго доверлива информација и Ве известувам дека сè друго овде е во најголем ред, особено сега кога непосредната опасност е отстранета. Потпис: Тиле Петропулос. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас тогаш преку нашиот човек презедов мерки да се открие причината за неговото излегување од скривалиштето со цел да дознам каде оди и што прави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш како и сè друго,и селскиот дуќан тука на еден наш човек...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но, работејќи особено на големите брани, со кои ќе се огради реката и ќе се создадат акумулациони езера, нашиот човек вистински ќе се трансформира.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Другари, нашиот зафат е комплексен, а нашиот човек не е навикнат на вакви работи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А потоа додаде: „Со еден збор сите вие сте матежина со горчлив вкус што со мачнина ја голта осетливото грло на нашиот човек“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Пред малку да ме прашаше некој, ќе кажев, наш човек!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Акција.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- пиши, пиши... пиши, пиши... - ...тој пред да се роди бил надарен... а наш човек, во Виена... триста и шеесет книги да смисли... од крај до крај...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Низ стаклото пред нас можевме да го гледаме два часа и повеќе како стои, чист и паркиран.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Имаше села, цели краишта само со наши луѓе и не сакаат да слушаат на грчки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На наш човек тоа ни на ум не му паѓаше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во тоа време немало наш човек да не крие барем шисане ако не и берданка или матинка, како што се викаа тогашните пушки.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ти си наш човек, ибн Пајко, колку што знаеме. А знаеме ли добро?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)