наш (прид.) - улица (имн.)

Уште како средношколец, дивеел по нашите улици со најновите автомобили, кои во тоа време, некаде 60-тите години, беа реткост во нашава државичка, па дијаната се сметаше за врвно достигнување во технолошките процеси.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Со години и години еден незнаен човек квечерина сам ќе си прошеташе по нашата улица и ќе исчезнеше, потоа, некаде во мракот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Мислев дека по нашата улица не може да се најде никаков мотив за лошото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во нашата улица се досели ново дете.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Со навлегувањето на овие беспризорни номади во нашата улица, широчината со трите багреми стана табу за другите деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Беше свесна дека ги возбудува момчињата од нашата улица и некако плашливо и ситно чекореше кога тие гледаа по неа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потоа се спријателив и со студентите, најновите жители на нашата улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Не Риста, се налути Андон како да се кара. - Ристо е арабаџија од нашата улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Паралелно со нашата улица живееше, се давеше во грабливост и трешереше во претсмртен грч чаршијата - теснограда, безработна готова на детски бесмислености и ситни кражби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во градината, на клупа седеше Ана, кадраво и русо девојче од нашата улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во тоа време најубавиот крај на земјината топка беше широчината на крајот на нашата улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вртејќи по страниците и читајќи ги имињата на загинатите, како и гледајќи во нивните фотографии целата треперев чекајќи да наидам на нашата улица и мајка ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Извлеков само една стара фотографија од албумите – на неа бевме ние сестрите, нашите браќа и нашите родители, и ја ставив меѓу десната града и градникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Утрото, на ден пред заминувањето, во малечки куферчиња го прибравме она што ни беше потребно за до крајот на животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште чекоревме по нашата улица, кога куферчето се расцепи и, заедно со моите работи и албумите, падна на земја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно утро војници разнесоа списоци во зградите од нашата улица, со упатство што сѐ ни е дозволено да понесеме со себе, и наредба на дваесет и деветти јуни таа 1942 година, во шест наутро да бидеме на железничката станица на крајот од квартот во кој живеевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Навистина, во времето кога во главата на Бил Гејтс компјутерите биле присутни колку што во главата на Крале Марко биле игрите со пинг-понг топчињата, ние, децата од нашата улица, можевме да отвораме само прозорци на старите куќи што гледаа директно на улицата по која врвеа најмногу коњски коли, но и по некое фиќо, москвич, или џипче... сите обележани со црвени регистарски таблички.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ослушувајќи ја со некој внатрешен слух болката во здробената рака, се исповедуваше како пред сопствен олтар: кога имав седум години пронајдов дека чевларот од нашата улица не е некој друг туку самиот сотона.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мајка ѝ го позна ликот зашто таа одеше и се враќаше од гимназијата низ нашата улица, по кејот крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеше да се рече дека Мајка, за многумина, остана светицата на нашата улица.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само за да ни ја покажел неговата машка гордост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знам, вие ќе речете дека љубопитствата од ваков вид во овие установи не се пожелни; Знам, знам, се согласувам; но треба да сфатите дека не сум јас тој што прашува туку прашува едно мало дете; Знаете, тој ваш шеф, Бунде, или не знам што точно ви се паѓа, нас, децата од нашата улица, нè качи во градската кула и тоа дури на третиот кат!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ете, така почна и во нашата улица колерата со нејзините умирачки. Ги погребуваа и воените, и цивилите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Речиси цел септември, секој ден, поминуваше низ нашата улица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Не, сфатила дека те нема и во октомври веќе не поминуваше низ нашата улица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Залезот доаѓаше во иста доба само заради осамената старичка во нашата улица.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
А да погледнеме околу себе, во своето одделение, во соседството, во нашата улица, во нашето место.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Со трчање се упатив накај нашата улица.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во нашата улица се досели ново дете.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)