наш (прид.) - сосед (имн.)

Но и притоа се надевам оти за Македонците ваквиот јазик ќе биде попријатен и позвучен од јазикот на нашите соседи, со кои ние сега-засега се дигаме наголемо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да веруваме дека стигна до болницата. А таму лекарите ќе знаат што да прават... нашиот сосед, поп Васил, секогаш ни велеше дека Господ еднакво ги сака своите чеда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Изградбата на оваа брана од која половина од турбините даваат струја за Југославија, а половина за нашиот сосед Романија е пример и на добрососедска соработка, која се преточува во заедничка корист“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нашиот сосед имаше голем двор насаден со овошки: јаболки, дуњи...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Тоа што ќе собереше нешто за себе – стоеше на полиците па домот му мирисаше на градина од библијата. и долго живееше нашиот сосед.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Но луѓето паметат колку сите наши соседи се единствени дека нема македонски народ и колку не се единствени — чиј е тој народ, кому му припаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бургиба ја забележа зачуденоста на Арафат и продолжи: Но јас овде денес дојден да ви кажам, во името на мојата организација, Ослободителната палестинска организација, која ги претставува Палестинците и ги брани нивните интереси дека јас сепак ја прифаќам поделбата за да се избегнат новите страдања на мојот народ и на нашите соседи...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат вознесено го следеше Бургиба и во тоа не виде ништо посебно, тоа беше и неговото мислење кое го делеа сите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите наши соседи, кој како знаеше, си купија козичка од селаните кои имаа по две-три кози, некои дури и стада.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој Серјожа беше најголемиот кошмар на мојата младост.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Чисто, внимателно Германче, наш сосед од куќата, Серјожа од најраната возраст ми се ставаше за пример на издржаност, на трудољубивост и на уредност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)