наш (прид.) - разделба (имн.)

Ме бара, а не може да ме здогледа, подзастанува малку и пак тргнува по скалите до влезот на авионот, оти другите патници ја туркаат напред и, готово е, веќе ја нема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тамам ќе го довикнев во сеќавањата, мислите ќе ми отидеа кај Ивана, кон нашата разделба на аеродромот, кон нејзиното последно завртување накај мене пред да влезе во авионот и нејзиниот израз на лицето што ме бара низ луѓето кои стоеја пред аеродромската зграда и ги испраќаа со поглед своите блиски.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас не сум како другите јас сум единствена и не повлекувам линија од нашата разделба исцртана со горчина и омраза...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)