наш (прид.) - организација (имн.)

Јас дојдов да помогнам, не да го победиме Хилмипаша но да го победиме Кобурга и неговите агенти и да не ја дадеме нашата Организација да пропадне или да премине во туѓи издајнички раце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој треба да види и осети дека не е оставен од своите синови и да црпи од нив сили за натамошна борба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ние, сите селани од село Герман, членови на нашата организација НОФ - АФЖ, собрани на свечен митинг, ви испраќаме најтопли и борбени поздрави...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одамна ме следат и тоа би било ризик за нашата организација.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Алек, не може да се ризикува распаѓање на нашата организација.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ова тој го поткрепил со констатацијата дека во случај да биде „обелоденето дека Британците се во контакт со него на кој и да е начин, преку кој и да е канал, на најважните политички односи што јас ги изградив во Бугарија во изминатите четири месеци би им била нанесена непоправлива штета“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој посебно нагласува: „основно е дека ниту еден член од нашата организација не треба да има ништо со овој човек и секој интерес што би произлегол како резултат на локалните контакти или обиди да се заинтересираат нашите членови за него мора енергично да биде обесхрабрен.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бидејќи имињата изостануваат, ќе Ви кажам засега само дека Централниот комитет го смета неговото премавнување како прва и основна задача на нашата организација.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тие сосем не се по мојот вкус, ниту по моралниот вкус на нашата организација.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тоа беше тајно изведено и само јас знаев за тоа од нашата организација.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)