наш (прид.) - несреќа (имн.)

Трчаме, ние несреќните, кон другите да им ја пренесеме нашата болест, нашата несреќа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој народ, којшто е првата последната причина за сите наши несреќи, со своите глупави постапки нѐ наведе во една нерамна борба со Турците во најрешавачкиот момент нѐ остави на произвол на судбината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За мене е јасно само тоа дека голем дел од сите наши несреќи се должат на бугарскиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И најпосле, мнозина ќе забележат оти најголемата наша несреќа се крие во тоа што кај нас нема местен македонски патриотизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но не само во таа самостојна политика се заклучуваат нашите несреќи, а следствено и причината за одделувањето на нашите интереси од бугарските, па и причината за одделувањето на Македонците овде во македонско друштво.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исто така Бугарија со својата искусна дипломатија нѐ поддржа…! 5/ за хранењето на избеганите Македонци во Бугарија и како најголема награда за името Бугарин што го насадија кај нас, ни покажаа барем да знаеме кој е причината за сите наши несреќи, а тоа била…Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа е главниот извор на сите наши несреќи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Е, тоа е нашата несреќа која дополнително ни го компликува животот!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ние в куќи, во семејството, уште многу рано, рано во животот, постојано слушавме дека Сталин, само тој и никој друг е виновникот за сите наши несреќи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Луњи да кршат и да не го скршат Земја да се тресе и луди ветришта и суводолици тоа да расте над нашата несреќа високо - На него да се обесиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Иако не го гледав, чувствував дека татко ми е збунет и дека во целата наша несреќа со мајка ми, никому не му падна на памет - во тоа, што јас ја изнесов Ели од сета таа стравотија, што паѓаше и се уриваше, да гледа некакво посебно јунаштво.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Можеби најмалку за нашата несреќа е виновна оваа жена, тука што доаѓа да живее со нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Отпрвин ќе го фрлиме во пеколна агонија дивиот молох, твојата и нашата несреќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Но за наша несреќа на патот на спасувањето и тој ќе се престори злосторник“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа, на нашата несреќа и не ѝ требаше многу па наеднаш да се престори во воденица за смеа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)