наш (прид.) - душман (имн.)

Трајко го осети гневот, но ја осети и спремноста на обајцата да земат петстотини лири за да ја прекинат инквизицијата, та пак куражно одговори: А бре ефенди, така си е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека горит овој бунтовен милет, да се знает кој наш душман, а кој пријател.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но наместо одговор, напаѓа град камења на сите сејмени што беа на портата, па и на самиот буљукбашија. – Внатре, браќа, внатре да го најдеме нашиот душман и да си го земеме нашето – повикаа во еден глас поп Јаков и Димитрија и се џитнаа први кон портата која семејните брзо ја затворија и почнаа со мазгалките на калето да пукаат во купот селани. – Оф, ме изеде кучето краставо – писнаа неколку селани и паднаа на калдрмата поред портата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Малцина бевме, многу гоневме, и бевме слабо наоружани, но пак разбивме наши душмани.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Но, величајќи ја вербата наша не само пред нас туку и секаде каде што одиш – во Ерусалим, Антиохија, Кипар, Мала Азија, Ефес, ги привлече на нас злобните очи на нашите душмани!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)