наш (прид.) - дом (имн.)

VIII Чанга, кога го напушташе нашиот дом доцна во ноќ­та, а понекогаш дури и пред мугри, со книги под мишка, секогаш се чувствуваше возвишено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По два–три дена дознав дека градинарот од нашиот дом разбрал дека во болницата има некое „грче“ од домот Балатон Алмади и веднаш дојде да ме посети.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Луј Армнстронг, Ела Фидџералд, Нет Кинг Кол, Гершвин, Рапсодија во сино, Порги и Бес... беа многу често присутни во нашиот дом.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа настапи Александар (неговиот помал брат од Берлин) со лонг плејките со музика што беше тренд во седумдесеттите и нашиот татко почна полека, додуша малку тврдоглаво да ги прифаќа промените...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Така Рашела порасна во нашиот дом.  Поради нејзината сериозност и честитост, мајка ми имаше потполна доверба во неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таму постои силно ционистичко движење кое очекува да го посведочи засновувањето на нашиот дом во Земјата на Израел”.  Му се слушаат чекори во ходникот, па сепак не сака да го прекине текот на пријатните сеќавања.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само кимна со главата.  Од таа вечер Рашела одново спиеше во нашиот дом.  На 11 март наутро почна рацијата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сосредоточува на текстот од интервјуто за „Der Morgen“ кој му се враќа во мислите збор по збор, онака како што го даваше тогаш, пред девет години, имајќи ги пред очите како негови први читатели, татка си, реб Апфелблум, своите ционистички пријатели од Жешов, авторитетните рабини на Берлин, дури и неговите просветени професори од Виена кои во неговото доживување стојат, тројцата, со широко разлистани весници, потчитуваат од неговото интервју, а потоа задоволно фрлаат меѓусебни погледи преку рамките на очилата и цвикерите и задоволно го одобруваат прочитаното...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На полицата под огништето Светото писмо и кон него се искачува и сам ги отвора кориците за да се скрие низ неговите страници првиот плач на детето во нашиот дом.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На неколку чекори од нашиот дом, како во сон, како во чудесна сказна, се оцртуваше профилот на Дрвениот мост.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Да знаеш дека Изабел многу ќе се израдува поради оваа наша повторна средба и да бидеш сигурна дека ќе те чека во нашиот дом со чаша коњак стар стотина години, а со него таа послужува само специални гости и во специјални прилики.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
A мајка ми Изабел можеби ти се чини дека некоректно постапи со тебе тогаш во нашиот дом, но треба да ја разбереш.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ми се чинеше дека со сè што покри под себе од нашиот дом се губеше и врската со мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во почетокот чувствував непријатност таа, учителката, тукушто дојдената жена во нашиот дом да ги врши за мене работите, на кои толку долго време бев навикнала, па и некаков пркос не ме оставаше тоа да ѝ го дозволам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа во почетокот ми пречеше, но сфаќав дека не само што е неминовно, но и сосема разбирливо кога Вера за Ели, па и за сите нас, од првиот ден не беше ништо друго туку мајка, која пак ја врати топлината и угодноста на нашиот дом, ни помогна да се чувствуваме побезбедни, под закрила.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но полека се изморивме од славата и решивме да ја затвориме вратата од нашиот дом.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се разбира, децата пораснаа и се отселија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Едното дете живееше во шпанија со љубовникот, другото студираше на еден познат универзитет на Источниот брег.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Слугинката умре и бидејќи не можевме да најдеме друга, ѝ се посветивме на исхраната и грижата за семејството.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се ближеше роденденот на нашата мајка, и бевме решиле сите да се собереме во нашиот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Утринава зготвив телешка чорба,“ рече мајка кога го пречекоривме прагот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останал истиот и без мене овие седум години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека се враќавме со мајка кон нашиот дом, се сетив на оние години од раснењето, кога се имав отуѓено од Зигмунд, и кога од дома излегував само со неа – чекоревме една покрај друга до пазарот, или до продавницата на татко, и нешто во ова наше враќање дома ме потсети на тие наши прошетки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја водев сестра ми кон нашиот дом, држејќи ја за раката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ме праша дали ќе дојдам со него на погребот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш брат ми посака да ја посети со мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По згрченоста на нејзините прсти знаев како се чувствува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога Зигмунд доаѓаше во нашиот дом, јас ја премолчував болеста на Сара, сѐ до оној ден кога веќе беше јасно дека таа наскоро нема да биде на овој свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Остана во нашиот дом до почетокот на зимата, и кога разговорот меѓу нас трите – меѓу неа, мајка и мене – замираше, Марие бесшумно излегуваше од просторијата, и се враќаше долго потоа, со вцрвенети очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се врати во Берлин на крајот од зимата, кога снегот веќе окопнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога бевме на прагот од нашиот дом, Паулина рече: “Да не ги заборавиме фотографиите.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со денови ја средував куќата, ја подготвував храната, а вечерта на осумнаесетти август гостите почнаа да пристигнуваат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Роза и Марие се спротивставија, но јас го подотворив моето куферче, и во него ставив два албума со фотографии.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше септемвриски ден кога во нашиот дом дојде еден од синовите на братот на мојата пријателка Клара, и ми кажа дека таа умрела во психијатриската клиника Гнездо, во која живееше со години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Христов се скаменува на местото и одеднаш така скаменет почнува да говори, да говори гласно и со подигнат глас, да го чуе Луков.) Освен, освен тоа, ние мораме да бидеме горди, горди што нè одбрале баш нас и нашиов дом за една таква историска, историческа, задача и...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го закити нашиот дом со поглед, на белиот бал исполнет со гламур, ко живо разиграни очи од срна...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
За евентуалниот недостаток на „вкоренетост овде“ (што можеби ќе го почувствувате), рутински ви се правдаме: нашиот дом под ѕвездите се маргините, т.е. ригите на костимот за капење (што фураат накај хаос, накај непредвидлива сложеност!) на давеникот во примордијалната супа, во млечната каша надробена со ѕвездички од тесто итн - апстрактноста е нашиот дом, така ли, за разлика од концептите за дом на господинот Контра Банда(ш), на пример.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Благодарам, Господе, за малку светлина и во нашиот дом.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Истата пролет, некои деца од домот „Напредок“ од некој сличен дом, што успеале да избегаат, кога стигнаа во градот и кога чуле за нашиот дом, без премислување летнале да се вратат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Рибарите доаѓаа во правец на нашиот дом, брзаа кон најблискиот брег.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Настана молк помеѓу двајцата пријатели кога го напуштаа мост и скршнуваа десно крај кејот упатувајќи се по старата калдрма кон нашиот дом.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но првин требаше да биде задоволена неговата прва желба, за што, впрочем, и беше дојден во нашиот дом, да ги види Татковите книги, во ѕидовите на чардакот и во Татковата работна соба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стар пајтон, кој беше минал многу времиња на градот, со ритмичниот топот на снажниот коњ, минуваше крај нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Она што овој никаквец и завидливец сакаше, беше да внесе немир во нашиот дом, ама инаку не измислувал.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тоа маче што порано не мируваше и весело мјаукаше по куќата и радосно трчаше наваму-натаму, сега стуткано седеше во фотелјата до креветот каде што Ти ги помина последните денови во нашиот дом.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И така моравме да побараме некое ново место за нашиот дом.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Само, не за татко ти, туку за тебе и за нашиот дом!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Милувам секој ден под твојов прозорец да поминам и секој пат со уста слатко да ми се насмееш и со очи мило да ме погледаш!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Бил Маер е омилен гостин во нашиот дом. Секој петок во осум навечер затвораме врати, гасиме светла, исклучуваме телефони и го гледаме неговото шоу.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Да ја видеа луѓето од полицијата сликата на Сталин, во нашиот дом, сигурно ќе ме одведеа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка стоеше на прагот, како врата на нашата надеж, како колепка на нашите животи, како тврдина на нашата куќа, како гнездо на нашите надежи, заштитникот на нашиот дом, лебот на нашата сиромаштија, лекот на нашите болки, недогорената свеќа на нашата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, крај збунетиот најстар син, мирно очекуваше суријата луѓе, втурната во нашиот дом, да го одведат пора­ди најдената слика на Сталин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Б.С. е галениче од кафеанските маси, оцени мојот сопруг В.Зрновски, кога Борис стапи во нашиот дом за првпат – рече Јана како да кажува тајна што требаше да реши повеќе од дилемите што ги беа спомнале.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Црвено е виното на дното од чашата, црвена е бојата на розите во нашиот дом, црвени се бакнежите на вљубените.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Бојата на мојот сон е црвена, страсти што мојава душа ја претвараат во оган.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најинтересно беше тоа што низ целиот стан по огледалата и вратите имаше со селотејп изналепени ливчиња на кои мајка ми пишувала упатства за сестра си Ана, за да може полесно да се снаоѓа со нас и со нашиот дом.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зар не правиме генерално чистење на нашиот дом, исто така.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Штом некоја шема не функционира, направете едно чистење во својот духовен живот, како што напролет со постите правиме чистење на своето тело од сѐ што се напластило како негативно во нашиот организам, во нашиот ум и во нашата душа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)