наш (прид.) - договор (имн.)

Станав, се приближив до Клара. Стоевме покрај отворениот прозорец – гледавме во мракот кон паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
-Разгласив помеѓу познатите дека секој кој сака може да дојде за да ја испратиме мајка ти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Постапив според нашиот договор од вчера - ми објасни во еден момент Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше нашиот договор уште од моите први денови во Гнездо – ако една од нас се разбуди во миг на тишина, да ја разбуди и другата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И потоа лежевме така во мракот, молчејќи во тишината, а кога ќе го слушневме првиот шум или првиот крик, одново ги затворавме очите, и се обидувавме да заспиеме. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше наш договор едната да ја разбуди другата кога ќе фати миг на тишина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пенчо појде кон нас и јас се сетив на нашиот договор - да фатам црна мачка и да му ја донесам кај автомобилот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)