наш (прид.) - дејност (имн.)

Постојано во главата ми се вртеа имињата на Круме Волнаровски, госпоѓа Мариела, Богдан Русимиров, Ниротакис, Ема, Андон Клековски, Шефот, кои никогаш порано не ми беа предмет на размисла, како комплекс на соодноси при фокусирањето на било кое прашање од нашата дејност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа знаеше како дише Центарот, ги читаше сите нијанси во неговото функционирање и, што можеби е најважно, брзо проникна во психологијата на тој свет кој подоцна го составуваше во коцки, според своето поимање на нештата во нашата дејност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нашата дејност постепено се изделуваше од дејноста на службите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега во моите размислувања сè почесто ми се врзуваа имињата на Круме Волнаровски и Шефот, на Богдан и Андон Клековски, на госпоѓа Мариела и Ниротакис.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)