наш (прид.) - автомобил (имн.)

Еден од оние денови кога бевме под власт на тетка Ана, наминуваа до кај нас чичо и Борче, го зедоа нашиот автомобил што неупотребуван стоеше пред зградата, зашто чичо постојано нема што да вози: сите автомобили ги купува настаро и сѐ нешто ги поправа и преправа, а постојано оди пеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие двајцата седеа одзади во нашиот автомобил, еден момент ти ми рече дека ти е тешко да возиш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)