наш (прид.) - сме (гл.)

Ни велиш дека со вербата наша сме станале пример за сите христијани во светот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мајчина душичка - упатство за чај – Се пие вудве или насамо но не претерано често се зоврива, по правило покриен во земјени, бронзени или керамички садови, дома во таа топла и задимена чајџилница на прекипнувањето: преку, отаде, и пред тоа, и потоа; потпивнувај, загревај се додека е жежок додека си желна шмркај, шмукај (наши сме) напари се задржи го колку што можеш подолго в уста, шлапкај со јазикот миризливоста, сладоста и краснописот на длапката да ги сети-ш; дотурај пополека, измешај го со лажичката желба за чај – жалба за младост секоја планина – своја падина потсркнувај чај – Бах чај – Жар чајни печива мед и путер; чајот не се пие од-нога пиј кроце, голтка по голтка г’тка по г’тка меѓу редови.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
ОСТОИЌ: Зошто се сомневате? КАЈМАКАМОТ: Јас не се сомневам, јас не верувам, јас знам. Наши сме, да не се лажеме.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
10. ЛОШИ АРНИ - НАШИ СМЕ СИ - такво родољубие штом се рече од црно брашно леб се меси за најбел сомун да се пече...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Знаеш, наши сме, тебе можам да ти кажам: домаќинката ми донесе приновче...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)