национален (прид.) - идентитет (имн.)

Велам избори, бидејќи идентитетот за мене не е нешто што се има, нешто што се добива, како националниот идентитет, со раѓање, со просто опстојување во некоја средина, не е ниту припадност на некој општествен слој, слојот на интелектуалците, на пример, туку го содржи тој момент на слобода.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во виенското списание Transit некогашниот славен полски дисидент Адам Михник во текстот со наслов Во сенката на Сократ пишува за националниот идентитет во модерното општество и ова го заклучува за денешната улога на интелектуалецот: „Држењето до вистината и воедно следењето на барањето сѐ околу себе да се анализира и секоја идеја на моќниците на овој свет да се изложи на испит - таквиот став за интелектуалецот значи: го прифаќаш тоа дека ќе станеш објект на навреди; мораш да сметаш со тоа дека луѓето за тебе ќе шират злобни гласини - дека ја презираш сопствената земја и ги предаваш националните вредности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој го потенцира македонскиот национален идентитет „жителите не се ниту Грци, не се ниту Бугари или Срби или Хрвати. Тие се Македонци“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сергеј Медведев: Чуден расказ (64-65) 47-56) (превод: Павел Попов) Авон Хуксор: Пишувајќи го умот (пр.: Г Стојанов,стр. 57-63) Маргина бр.6-7 Даглас Хофстатер: Размислување (пр.: Психотерапија (втор дел) Жаклина Гештаковска/Г. Стојанов, стр.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Канигли: Киберпанкерите ве Дрога (подготовка и превод: Нора и мразат! (стр. 43-45) Игор) Кибер почетоци: Кратка историја на Даг Бендоу: Прашања за легализација иднината (пр.: Лиле, стр. 46-47) (стр. 82-95) Елиот Кари: Границите на Вештачка интелигенција (втор дел) легализацијата (стр. 82-92) Од виртуалниот симпозиум за Разгледници од работ (искуства со виртуалниот ум (пр.: Жарко екстази, лсд, хероин, спид и алкохол) Трајановски, стр. 70-75) (стр. 97-109) М.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
ДРУГИ ТЕМИ 25-30) Маргина бр.1 Маргина бр.4-5 Феминизам и филозофија (подготовка: Уметноста и националниот идентитет Жарко Трајаноски) Симпозиум на критичари: Пeter Schjel- Рози Браидоти: За феминистичкиот dahl, Edward Said, Guy Brett, Homi K. познавателен субјект (пр.: Горан Bhabha, Coco Fusco, Tadayasu Sakai, Абов, стр.27-30) Robert Storr, Јиржи Шевчик и Јана Ричард Рорти: Феминизам Шевчикова (пр.: Амелија Панева, стр. и деконструкција: едно 5-18) прагматистичко гледиште (пр.: Жарко Трајаноски, стр. 31-38) Маргина бр. 6-7 Нанет Франк: Феминизмот и пост- комунизмот (пр.: Ана Димишковска Дубравка Угрешиќ Трајановска, стр. 39-42) Делови од книгата “Американски okno.mk | Margina #11-12 [1994] 207 Маргарет Неш: Дали е можна женска Вебер: Размислување за ВИ (пр.: Трајче филозофија? од Ненси Холанд (пр.: Панковски, стр. 81-92) Жарко Трајаноски, стр. 43-46) Маргина бр.4-5 Психотерапија, некои други проблеми Иднината на читањето (подготовка и Steve De Shazer: Креативно превод: Венка Симовска) недоразбирање: нема бегање од Хиперлитература (стр.71-75) јазикот (пр.: Љупка Трајаноска, стр.19- Електронски милениум (стр. 76-78) 27) Сканирање наспроти читање (стр. 79- Michael White: Деконструкција и 80) терапија (пр.: Трајче Панковски, стр. Katie Lynes: Штракање по каналите - 28-54) смрт за книгата (стр. 81) Руска “алтернативна” проза (раскази) Маргина бр.2 Вјачеслав Пјацух: Осквернувачот на Вештачка интелигенција (подготовка: гробови (стр. 56-59) Георги Стојанов) Александар Терехов: Харон (60-63) Жил Маршал: ВИ (пр.: Г. Стојанов,стр.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Клучните симболи на националистичкиот кич се врзани со националниот идентитет (оттаму во иконографијата она мноштво од грбови, витези, католички и православни крстови, скулптури на историски јунаци).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Засадувајќи го семето на македонскиот национален идентитет, со децении навредуван, унижуван, дразнет, од туѓи слуги и послушници разни, без да го реализира на литературен план родниот македонски јазик, умира на прагот од новата македонска ера, но остава зад себе ученици, неверојатни лица, Македонската револуционерна организација цела, Крсте Петков Мисирков, како негови неверојатни дела...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Во сегашнава ситуација на плуралитет на уметничките јазици, со користењето (и функционирањето) на двете наведени нивоа на пристап, се појавува една продуктивна тензија и се открива колку е комплексно прашањето за нашиот национален идентитет денес.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Националниот идентитет се потпира на претпоставката за меѓународно признати вредности, но во денешниот свет на брзи промени и испревртени поими, тешко е да се држи чекор со времето и истовремено да се остане на веќе постоечките вредности.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Целиот концепт на национален идентитет и институциите на моќ - т.е. авторитетот, демографијата, географијата - се прилично универзални.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Маргина“ денес, со овој симпозиум Уметноста и националниот идентитет (објавен во Art in America, 1991.) само ја почнува оваа голема и важна тема, особено за нас, во Македонија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За една нација во која доминацијата на белата раса била историски предицирана на негирањето на разликата ( и на експлоатацијата и искоренувањето 18 Margina #4-5 [1994] | okno.mk на не-белите народи ), “официјалната” претстава на Америка за самата себе е еквивалентна на културната petit mort - израз кој истовремено означува и крајно задоволство и антиципација на смртта. Coco Fusco е писателка и кустос; таа редовно објавува во “Гласот на селото” и во “Нацијата” како и на други места. Tadayasu Sakai Да се биде запрашан за националниот идентитет во јапонската современа уметност е соодветно на чувството на патникот без пасош од кого е побарано објективно да се идентификува себеси.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Цели 40 години поимот на национален идентитет во Чехословачка беше третиран како сомнителен и беше прикриван од страна на погрешната, официјална, советска верзија на реалноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потеклото на Noguchi - половина американско, половина јапонско - можеби го направило него посебно чувствителен на прашањето за националниот идентитет.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Проблемот на националниот идентитет во Источна Европа е длабок и нема да биде решен во блиска иднина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не зборувам тука за она што ја предизвикува хомосексуалноста или хетеросексуалноста, ништо повеќе отколку што зборувам за eвропското откривање и колонизирање на Америка – процесот што на крајот го создал американскиот национален идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тој многу ограничен поглед, да се биде геј е како да се биде Американец.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога инсистирам дека хомосексуалноста е општествен облик на суштествување, не сакам да укажам дека хомосексуалноста е нешто научено ниту дека луѓето стекнуваат хомосексуална ориентација затоа што други ги научиле да бидат геј – дека биле „врбувани“, да речам, во „геј-начинот на живеење“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зборувам за начинот на кој машките што веќе се хомосексуални, како луѓе што се веќе родени и израснати во Америка, постепено се здобиваат со особен општествен идентитет, со особена свест, склоп културни практики и субјективитет што произлегува од тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Замисли - тие немаат ни национален идентитет, а богами ни национална македонска валута, па на саксофонот си ги плаќаа нарачките со евра.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Границите на конструктивизмот Конструктивизмот сепак има свои недостатоци коишто најдобро можат да се воочат на следниве теми: 1) конструктивизмот не може соодветно да го објасни она што поединците ги придвижува разликите врз основа на идентитет да ги сметаат битни за себе 2) конструктивизмот не може да положи сметка за меѓусебното „одговарање” на културните парталчиња и крпеници што движењата и борците ги собираат од културата околу себе, и за дилемите на идентитетот и опциите коишто се чини дека тие парталчиња и крпеници ги овозможуваат 3) накратко, конструктивизмот може да ја Во контекст на германскиот објасни контингенцијата, но не и кохеренцијата; конструктивизмот може да ја објасни социолошката национален идентитет и неговите дистанца, но не и придвижувачката блискост меѓу граници сп. Dan Diner, „Gedaechtnis идеологиите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И покрај големите разлики на балканските народи во нивниот етнички и национален идентитет, беше свесен дека тие поседуваа повеќе обединувачки, отколку разединувачки елементи, како во ретко кој друг поголем европски предел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како и Хермоген и Кратил, кои во дијалогот Кратил расправаа за вистинитоста на зборовите, односно дали тие навистина ја репрезентираат суштината на нештата што ги означуваат, нашите ликови, балкански Хермоген и Кратил, расправаат за вистинитоста на балканските јазици и дали тие вистинито го одразуваат она што го означуваат културниот и националниот идентитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овие два лингво-интелектуални Дон Кихоти, како што вели нараторот, имаат своја цел: нивната крајна цел беше со нивните можеби единствени библиотеки во кои се дополнуваа Балканот и Европа, со книгите замислени како енциклопедиско надополнување на историското и културно минато, да го спасат Балканот од внесувањето на погрешните идеи, често накалемувани за во иднина кај народите по завојувачките војни и долговечната превласт на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вештината е во тоа да се допушти и создавањето и зачувувањето на националните идентитети, а притоа да се почитува, признава и прифаќа идентитетот и на другите луѓе.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во моментот на исчезнување на империите, останува само простиот избор: или националните идентитети ќе се зачува под услов на признавање на Другиот, или границите одново ќе се нацртаат на тој начин што Другиот ќе биде одбиен или исклучен, или пак луѓето ќе им се вратат на етничките дефиниции што важеле пред настанувањето на империите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Националните идентитети Ќе можеме ли да ги создадеме или сочуваме националните идентитети, а притоа идентитетот да не се дефинира како негација на Другиот?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Границите се означувачи на националниот идентитет како најеминентен политички идентитет на државата од 20 век.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
(...) Тресејќи се и пиштејќи како машина за абјекција, границата создава национален идентитет преку дробење на луѓето во метафори“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но не смееме да заборавиме дека модерната држава има монопол над движењето.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Исто така, границите се и знаци и агенти на идентитетот – не само на националниот идентитет, туку и на етничкиот, расниот, родовиот, сексуалниот и регионалниот идентитет, итн.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Меѓудржавните граници не се само средиште на националниот идентитет, туку и на меѓународниот систем (политички и економски) и на глобалниот режим за мобилност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Македонскиот национален идентитет беше потиснат и преживеа за време на овој период во којшто географска Македонија беше поделена меѓу соседните балкански држави во 1913 год. со Букурешкиот мировен договор.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)