научнофантастичен (прид.) - филм (имн.)

Дел од истражувањето вклучуваше и гледање на научнофантастични филмови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Седевме Кети и јас, еден крај друг на прозорецот од спалната соба на горниот кат од нивната викендичка на Попова Шапка и гледавме во чудните предели облеани со бела месечева светлина, кои ноќе, онака голи, без ниедно дрво, прилегаа на скаменет пејзаж од некоја далечна планета од научнофантастичните филмови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)