натажен (прид.) - глас (имн.)

И Арслан како и сите селани беше суеверен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, море бег, пет даду и јас. Не можа да се дела од село и селани — одговори со натажен глас Трајко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде, фудул Митро, мори, При твојата мака... Но како нож му го параше срцето нејзиниот одговор, кој беше го поместил самиот Тоше во последниот стих и тој со натажен глас го заврши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Отидоа и денеска двајца другари — проговори со натажен глас Ризо Палилулев, еден од минерите што работеа во соседниот тунел на загинатите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ја праша Толе Митра со натажен глас и ја исправи да седи до него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зората го отвораше небото и го осветлуваше селото, но таа му изгледаше поинаква од другите: му изгледаше тажна, невесела; и сонцето што се покажа, му изгледаше понакво од другпат: крваво, мрежичесто како и неговите насолзени очи; и птиците што се будеа, како да му го разбираа срцето: пееја поинаку од другпат - тажно, со стегнато грло; и луѓето што ги сретнуваа на патот, ги поздравуваа со натажен глас.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Токо јас сакам да оплескам баре ошче неколку такви, та иако оди моата најпосле — изговори со натажен глас Најдо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)