насолзен (прид.) - око (имн.)

Нашите насолзени очи се свртија кон него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со насолзени очи слеговме да ја видиме, да ја галиме, да ја гушкаме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ѕвездите една по друга се гасеа, читаше тажно Чанга. Козарите следеа со насолзени очи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние потрчавме кон нашите кози. Ги гушкавме со насолзени очи, небаре се разделувавме од нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга раскажуваше со насолзени очи. Сигурно плачеше и татко ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка ми со насолзени очи го поздрави Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И што прави Корец? Ги спојува дланките, ги преплетува прстите и со глас на очајник го преколнува бесчувствителниот прв министер за спас на солунските Евреи, со потресен глас, со насолзени очи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Солун е Вториот Ерусалим. Хитлер е Набукодоносор.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Една жена со насолзени очи прошепна нешто, споменувајќи го господа. Сите стрчнавме по нив. ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Многупати Калчо со насолзени очи го враќаше дома лебот и шишето со вода.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И со насолзени очи што течат непрестојно... * * * Полноќта одамна мина.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Народот молчеливо се растури по патот бришејќи ги насолзените очи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Зошто ја запалил? Што му текнало тоа да го стори? - шепотеа жените меѓу себе. Но ние молчевме. Молчевме и долго му мавтавме со насолзени очи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Особено затоа што не ме караа, не ме казнуваа, туку со мене се однесуваа особено внимателно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога мама ќе ме погледне со грижни очи, заџарени - чиниш сега ќе одрони солза, на срце ми легнува голема тежина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Најмногу ми е мачно кога ја гледам мама со насолзени очи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа не одговори ништо. Само ме погледа со насолзени очи, наведна глава и излезе од собата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Горда го отвори пакетот и почна да ѝ ги пробува аливцата што ѝ ги донела, но детето не ја гледаше во насолзените очи туку во лакираните нокти и ѝ сричаше „мамо” на жената, а не нејзе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја гушкавме Мајка, со насолзени очи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Дај ми го писмото! - рече дедо Димо со насолзени очи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Едно утро Бојан замина. Старецот го испрати со насолзени очи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сето тоа во душата на човека налева радосни чувства, но тишината, ох, таа, дебела и напластена, без луѓе, без овчарски свирки и довикувања во гората, без момински одзив преку песни и смеа од градините, од бунарите и чешмите, без думани прав од гојда кои се враќаат од паша по Голем Пат, разбудува помисла за тоа колку многу човек е поводлив, кревок и неотпорен спрема сè она, убаво, што се случува надвор од него, во природата, додека останува беспомошен да влијае на својот сопствен живот - не успева, или не му е дадено, или не му даваат, само да го одреди неговиот ток, па се џари во празно со насолзени очи низ самракот, и му се причинува дека тука некаде, над него и околу него, во воздухот, притаено чукаат срцата на отидените ближни, на самовилите, на легендите и преданијата, на војните и војводите, срцето на животот што беше, што се закоренил некогаш одамна тука и се ископачи, па му иде да отрча на Молитвена Вода, да се плесне пред кладенецот и да нададе глас, не против непревдите што му се сторени лично нему, туку против неправдите што му се сторени и што му се прават воопшто на животот... ...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, до пред десетина и повеќе години, во лето, и додека сè уште не беа раштркани по градиштата и низ светот, жителите на Потковицата излегуваа да спијат надвор, во дворовите, под отворено небо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа со насолзени очи го слушала кога тој раскажувал за сите нас во семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Јас ќе ти бидам внучка, - рече Билјана, гледајќи го со насолзени очи чичкото со лопатата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Вечерта седев кај тројцата весели студенти и се колнев со насолзени очи дека ќе се одмаздам - почекај, Бато.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Да... – реков и немо, со насолзени очи го опфаќам целиот празен простор... - Кого?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се свртуваше и со насолзени очи ја зариваше главата во перницата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дента кога Трајан отиде да го види Висара, татко му од Висар не беше дома; го најде Висара кај што гледа низ прозорецот со насолзени очи; Трајана го обзеде жал и го грабна Висара за раце: Ајде со мене, му рече, ајде да прошетаме по езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јадрите, црни, насолзени очи благодарно погледаа во тетка Стана, а грлото така ѝ се стегна што не можеше да прозбори ниту еден збор.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Нивните насолзени очи гледаа кон онаа страна каде што ги однесоа Џеки и Белчо...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Остана зад мене срната со насолзени очи, празни раце, ПРОСТИ!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Малечката Сарахсвати Бисвоками свиена во темен подрум, Темнина... лоша реа на сламена престилка, со насолзени очи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Колку капки во морето, колку зрна песок, толку солзи проронаа... оставајќи зад тебе толпа луѓе, со тажно лице и насолзени очи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Така е, вели Витомир со насолзени очи од чадот. - Ние, за умен човек имаме само еден збор, велам, којзнае зошто ама за умен човек немаме повеќе зборови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ме фати некоја жал да го оставам. Мислам дека некое насолзено око гледа по мене, вели, и чинам ај, пак врати се.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Широко ги отворам очите, моите драги, со насолзени очи и топли насмевки ме греат.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
И кога се вратив, во нашата стара куќа во која Мајка си ја беше вгнездила осамата во залезните години на животот, со насолзени очи, по неколку дена ми рече: - Сине, Бог даде да се вратите живи и здрави од туѓина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова не е само признание туку и покана за да дојдете во нашата вистинска Палестина... Можеби еден ден...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа знаеше, добро знаеше, силно веруваше дека големата историја Татко ја беше задржал во своите книги, во рафтовите на библиотеката кои требаа да бидат штитовите на нашето семејство, за големото спасување од историјата, за кое таа немаше моќ вистински и целосно да се спротивставува како Татко со неговите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Судбината слуша... Последните зборови ги изговори со насолзени очи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Климент Камилски со насолзени очи му ја даде својата книга на Татко од која не беше се одвоил повеќе од дваесет години.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите тажно, со насолзени очи се погледнавме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со насолзени очи, тие најчесто му идеа кога беше со книгите, па речиси нечујно изусти: Јас, мој Паскали, си пресудив, овие книги пресудија, тие беа помоќни од мене, ме совладаа: не ми останаа средства за да одам на операција на очите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој брзаше со смрзнати раце и со насолзени очи кога ја здогледа на околу десет метри од себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас останав со насолзени очи, ми беше непријатно што се разделивме.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Мил и Кала со насолзени очи му рекоа на докторот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со насолзени очи врвеше Богуле низ селото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Зората го отвораше небото и го осветлуваше селото, но таа му изгледаше поинаква од другите: му изгледаше тажна, невесела; и сонцето што се покажа, му изгледаше понакво од другпат: крваво, мрежичесто како и неговите насолзени очи; и птиците што се будеа, како да му го разбираа срцето: пееја поинаку од другпат - тажно, со стегнато грло; и луѓето што ги сретнуваа на патот, ги поздравуваа со натажен глас.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Не смеам... - му рече и со насолзени очи влезе во куќата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Жените и девојките наведнале глави и, со насолзени очи, ја слушаат песната на разделбата без протест, без крик).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Кој цепи дрва?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Лари ме погледна со насолзени очи, како човек што на смртна постела пронашол трошка утеха.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Татко никогаш не ќе си дозволеше, пред неа, да биде со насолзени очи, но сега се случуваше нешто друго.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Домаќините ја разбраа. Патувала низ Албанија со насолзени очи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гледав со насолзени очи како таа голема Мајка се оддалечува од животот, а бевме немоќни, со сите свои сили, да ја запреме, да ја задржиме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таткото Теки со насолзени очи ја прегрнуваше својата ќерка Ервехе која повеќе нема никогаш да ја види.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Па нели, во тие моменти на неговите страдања таа седна и во мојот скут и ми изјавуваше, божем тихо, (но доволно јасно за да слушне и тој, а и Зрновски) некаква припадност што јас од неа не ја бев побарал; дури и отворено ме покани таа вечер да преспијам кај нив, (забележала дека прилично сум алкохолизиран) а забележав како и Стариот писател се придружува кон оваа нејзина покана бидејќи неколкупати одречно замавна со главата кога таа го праша дали има нешто против.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури верував дека Самоников ќе ја оцени како каприц грдата љубовна игра што Јана упорно ја изведуваше пред неговите насолзени очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Куф-куф, пфу, мајката, вистинска леска, - рече Кирче со насолзени очи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И штом помислив така, се почувствував мал, зашто одеднаш пред мене чиниш се појави таа и ме гледа со своите големи сини , тивки и насолзени очи; ја чувствував топлината и горчината на мајкините солзи. Многумина како мене свртеа глави и многумина како мене се засркнаа од липање.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
ТОМЧЕ: (Влегува, губејќи ја сѐ повеќе храброста што беше јо прибрал.) Татко...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: Еве... Веднаш... (Излегува со насолзени очи.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Девојката само ќе им се попули со насолзени очи и ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите илјади и уште триста илјади играчки, што врвулат таму далеку зад нив, поклонувајќи се, канеа со насолзени очи: - Еве сум, земи ме, колку сакаш, играј ме....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Забележував постари жени со насолзени очи!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се упатив веднаш кон амбасадата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Поднамести шмајзер, со левата рака измазни небричено лице, со насолзени очи погледна на сонцето и рече: - Само кураж... само кураж... - тој откинато го влече секој збор, небаре го џвака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ми кажуваше тој за сè, не можела да се раздели од нас децата, сакала да нè гледа сè додека душата ја испуштала со насолзени очи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие толку чисти крупни насолзени очи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Јас ќе ти бидам внучка, - рече Билјана, гледајќи го со насолзени очи чичкото со лопатата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)