народен (прид.) - учител (имн.)

Ама тој е интелигентен човек, бивш народен учител. Да, да! Учител беше!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Клинкаше поднаведен бившиот народен учител, впрегнат во тој штурински пат, со широко размавтани раце, со крвничка мисла да ѝ стапи најпосле на судбината на грло, и да гмечи, и да гмечи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кочо му нарача. Бившиот народен учител пиеше како сосила.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Си бил кметски - драпај се... Јас сум бивш народен учител...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тогаш бедниот Франц, уволнет народен учител, станува во очите свои трагичен херој, борец за народна слобода, на пет илјади повелник.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од Коча стариот познајник, народниот учител Франц, беше се преселил сега тука.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој сметна капа и си ја подаде раката: - Дозволете да се запознаеме. Франц - бивш народен учител.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со нарамена торба и стап во раката, Аргир ги цепеше првите мугри, поднаведнат, забрзан... народните учители стариот учител Климент Изморените галеби одамна веќе ги склопија своите бели крила.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Без приговор од другите, Онисифор Проказник го определил здружувањето во ѕевгари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А и со попот нешто се случувало: со млака 'рѓовита вода од преварен вртипоп си ги исплакнувал до вчера крвавите непца и учел нови молитви оставени во книга од некој покоен Јоаким Крчовски или од некој народен учител со слично име што и калем на овошка признава и длабочина на ораница советува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)