народен (прид.) - суд (имн.)

И да сум ги надгледувал затворениците, легално осудени од народните судови, не сум им ги вадел душите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ајде, Арифе, ќе ти суди народниот суд!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кога мислеше дека го достигнал зенитот во уверливоста на кажувањето, за што добиваше дискретен знак на одобрување од страна на семоќниот А.А., првин се свртуваше кон блиското, големо пано со фотографии и написи, кои наводно сами зборуваа, тој со возвишен и патетичен глас да продолжи: - По ослободувањето на земјата од злокобниот фашизам, нашите народни судови први се пресметаа со предавниците од секаков сој, донесувајќи праведни и револуционерни пресуди и ја воспоставија историската правда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По војната, му беше одредена партиската задача да го организира првиот народен суд, во главниот град на Републиката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не грешат народните судови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)