народен (прид.) - револуција (имн.)

Период меѓу двете светски војни и народната револуција (1918-1945).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На ливчето пишуваше на грчки јазик: „Аподикци“, значи „Потврда“ и подолу: „Се потврдува дека доносителот на оваа потврда доброволно даде за потребите на народната револуција пет овци и три кози.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Масата се дигна на нозе. Пред очи ги имаше живите виновници, тие, Титовите и југослвенски агенти и шпиони кои од внатре го сакатеа и го гризеа демократското движење и народната револуција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Можеби уште денес, а утре сигурно, таа ќе почне да плети нови чорапи ако не и го собрале преденото во име на народната револуција и во име на народот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)