народен (прид.) - одбор (имн.)

Кој во армијата, кој во ОЗНА, кој во УДБА, по некој во народните одбори на власта...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Во присуство на претставници на селскиот народен одбор, како сведоци, другарите Лазо и Кузе, заради дезертерство на вашиот син Васил, во корист на народната власт ви јa одземаме куќата и целиот друг имот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мене нема да ме гибаат зашто, како што знаеш јас сум во селскиот народен одбор...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го прашуваа за партизаните, за штабот, за претседателот на Месниот народен одбор, но тој спокојно им одговори: - За тие работи ништо не знам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)