народен (прид.) - обичај (имн.)

Бојана според народниот обичај на фирмата нема ништо да работи, а Александра ќе се вади со тоа дека не ја интересира политика или во овој случај историја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но Луција не се согласуваше; ми парираше по секоја цена и велеше дека на нашиот фолклор не му е потребно никакво мундијално руво, дека треба само да се сочува народниот дух, да се чуваат, да се практикуваат и да се изведуваат народните обичаи, песни и ора, и дека тогаш таа музика ќе го надмине и џезот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не сакав тогаш на Луција да ѝ се спротивставувам па да ѝ објаснувам дека мошне често, наместо патриотизам луѓето се задоволуваат со еден вид културен примитивизам, и живеат како во полусон, убедени дека се патриоти; многу години подоцна сфаќаат дека примитивизмот на народните обичаи (во позитивната, културна смисла на зборот) не го определува нивниот патриотизам, туку дека е само еден вид културно алиби дека припаѓаат кон некое движење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)