народен (прид.) - непријател (имн.)

Беше куќата на тета Зоја, која заедно со снаата и со двегодишното внуче две и половина години беше заточена во преспанското село Дреново и наречена народен непријател затоа што нејзиниот син пребегна на другата страна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И да не помисли човек дека тука, во ова зафрлено ќоше од светот, целото село беше собирно место за народните непријатели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа беше доволно нивните најблиски да се наречат народни непријатели и во име на народната власт куќите да им бидат опљачкани до игла.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На крајот од Програмата во „нужна забелешка“, Комитетот објавува дека на сите шовинистички дејности во Македонија, било тоа да се Бугари, Грци, Срби или било кои други, „нашите комитетски работници се должни да противдејствуваат, а самите носители на таа дејност ќе се прогонуваат како најголеми народни непријатели“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Целокупниот отпор против овој народен непријател се сведуваше на две компоненти.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Зборот полека ги надмина своите димензии, луѓето го преведоа на свој мајчин и татковски јазик - народен непријател!
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ете зошто тој, Трифо Саздов, гостилничарот, бил онака директен и сосема јасен кога му рекол на градскиот човек дека Симо е одведен како народен непријател.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А потоа, наеднаш налутено им се обратил на луѓето во гостилницата: „И вие го сметате Симо за народен непријател?! Зарем верувате во тоа?“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А еден од другарите што го одведоа ни рече дека сите народни непријатели ќе ги снајде она што го снајде Симо Чардаклија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Притоа, смеејќи се, неколку пати повторил: Симон Чардаклија народен непријател!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- И - продолжи Кузе - тие од горе рекоа дека со тоа се покажа дека е народен непријател и затоа народната власт го одведе Ѓорѓи во народниот затвор во Преспа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мораме да го дотолчиме народниот непријател...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Шеткаш лево-десно, се топориш пред народните непријатели, јабана кинеш ѓон и дневно добиваш три порции леб, а таму во Егејот истовремено нашите браќа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нели е така, а? - се одгласи Аргир. - Ајде, бре, шутрак ниеден, што знаеш ти за народните непријатили?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И јас во името на народот ги чував народните непријатели добро да кршат камен, добро да го делкаат и со врвот на иглата мерев да видам дали добро налегнува камен врз камен ... дури - како што велеше командантот - воздух да не пропушта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја затворија како народен непријател, рекоа, затоа што не го викна Лаки да си дојди, а тие да го соберат како тебе...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Народната власт доѓаше во Отешево со лимузини, а пред тоа целото место, па и патиштата што водат до таму беа чистени, демек случајно народниот непријател да не излезе, па да ја види народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако се уште има народен непријател, тогаш во борба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чував народни непријатели кога таму во Отешево едни кршеа камен, а други пиеја ладна бира и пееја: Стани, стани да не станиш О Битоља ќе ојме, Ладна бира да пиеме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Абе ак си народен непријател, се знај шо се прај сос тебе... До ѕидче, бам и под земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тука ме пратија во името на народот да ги чувам народните непријатели.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само слушаш борба, партија, водач, империјализам, монархо-фашизам, капиталисти, револуција, агенти народни непријатели...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А народните непријатели кои ги градеа вилите, тогаш, кога доаѓаше народната власт, ги теравме подалеку, во една котлинка среде шума.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А вие, ако погрешите, нема да имате време да се оправдате пред партијата зашто со направената грешка ќе бидете народни непријатели.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таму, во Отешево, меѓу народните непријатели имаше и еден таков, како нив, ама различен од нив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И од сите се ловеа народни непријатели.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Случајно, ако му текне на народниот непријател да посака да влезе внатре, демек, на неа да се набоди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му рекоа дека негова задача е да ја продолжи борбата против народниот непријател...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гладно време. Козата – хранителка. Е, затоа што ја сокрил козичката - хранителка, тој станал народен непријател.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш вас, кои ќе градите куќи, за лошо поставен камен, малку накриво или, пак, недај Боже, ќошот малку да е крив или ако под покривот ќе видат како се шмуга сонце, е тогаш, да знаете - ќе ве прогласат за народни непријатели и ќе кршите камен...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Скоро сите ние, и прости војници и команданти и комесари од расформираната Егејска Бригада - на служба против народниот непријател.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А јас, лева - десна, од едниот до другиот крај на жичаната ограда... лева – десна, исправен со германскиот шмајзер обесен на врат, чував и пазев, не дај Боже, некој пезевенк од народните непријатели случајно да не ја вознемири народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Што?!!! Васил мој народен непријател?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ете, на пример, како народната власт направи народни непријатели. Донела закон да ги снема козите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А каменот што излегуваше од рацете на народните непријатели беше употребен за градење вили за народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе се соберваме на плошчади, каде ќе ги слушаме говорите на наште руководители, ќе извикуваме пароли и ќе пееме борбени и пролетерцки песни, такашо од тоа ќе му се тресат полите на англоамериканцките имберјалисти, на народните непријатели и на целата реаксја...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие, казнетите, кои се осмелија послободно да се движат, народните непријатели, де, и јас, народниот одмаздник, се најдовме во една одаја, се гледаме накриво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А народните непријатели наместо да ме презираат, тие ме сожалуваа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Народните непријатели, под строгото око на народните одмаздници, како мене, нели, целото место околу вилите фино го оградија со плетена жица, висока едно две метра и повеќе и најгоре врзаа и два - три реда бодликава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)