народен (прид.) - мудрец (имн.)

На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
За денешниот хрватски интелектуалец да стигне до рангот на народен мудрец, национален интелектуален месија не му е потребно ништо друго освен претходно да не се ни обидел да стане граѓанин, во онаа апстрактна еднаквост со сите граѓани на државата, без оглед на професијата и формалното образование.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ете, гледате, народниот мудрец и за фалбаџиите изрекол мудра изрека.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
За да може тоа свое животно искуство да им го пренесе на идните поколенија, за да може јасно, кратко и разбирливо да им ги упати тие пораки на генерациите што доаѓаат, народниот мудрец оставил пораки во вид на поговорки.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)