народен (прид.) - мудар (имн.)

А Господ додаде: - Нели ќотекот господ го измислил, така тврди народната мудрост а јас ја почитувам таа мудрост и не ја доведувам во никаква врска со религијата - а потоа најде за потребно да додаде дека и оваа наша власт, иако атеистичка, ја почитува традицијата на ременот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми нашепна во доверба дека нему му било познато дека употребата на ременот била применувана од секоја власт; дека ременот со право бил сметан за основно помошно сретство при откривање на вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сопствената опашка не му пречеше, му пречеа прикриените приопашници, но сепак се надеваше на народната мудрост: „Секоја круша си има опашка”, при што си мислеше - круша, која кога ќе стаса ќе падне, ама пак не ќе е опашка, што и да се измитари, нема да стане ни оскруша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во нашата работа на фракталното моделирање се потпиравме врз народната мудрост, додуша во помал дел, како и врз историјата на природата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)