народен (прид.) - кујна (имн.)

- Да продадеме 50 нивни џипа сигурен сум дека нема да има ниеден сиромав во народните кујни.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Становите (тоалетите, колибите, во најдобар случај соба заедничка за неколку семејства) и нивните народни кујни; досиеата и црвените ленти на институциите; интригите на бирократијата, психијатриските болници со нивната антологија на неверојатно апсурдни и морално сурови дијалози.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Познато е, инаку, дека луѓето се смалуваат кога влегуваат во народните кујни, а оттаму излегуваат уште посмалени.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Еден ден, на сред пладнина, на кривината баш пред народната кујна во Крива Паланка на Санде прописно качен на велосипедот, налета еден од оние што јурат со автомобилите и кајшто треба и кајшто не треба, и кога треба и кога не треба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сега син му сакал нејќел ќе се отсрами и сам ќе оди во народната кујна. Пеша, со парчосани сеќавања на татка си.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А вие не правете се дека не знаете зошто од народните кујни излегуваат ептен патетични песни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Зад една таква кривина се наоѓа народната кујна, отворена неодамна, откако дел од народот се судри со вистинското лице на филозофијата на нокаутот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Откога разбра за народната кујна, Санде одвреме навреме ќе го јавнеше стариот велосипед и ќе скокнеше дотаму, да му донесе барем на синот нешто чорбесто.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Синот, нели, беше сотрен од срам и нејкеше ни да слушне за народната кујна.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)