народен (прид.) - култура (имн.)

„Вреди да се истражи“, ми пишуваше Александар М., „дали Никола Поцо бил еден од поголемите сподвижници на народната култура и образование во тоа време, или е просто трговец што помага од доброчинителни побуди“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Овие редови“, пишуваше во дописот на учителот Димитрија Боте, објавен во „Цариградски весник“, „ги посветуваме на плодното дело на Никола Поцо, добротвор и поддржувач на народната култура и просвета, по потекло од Маказар, село во Монастирската каза.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Уметноста не треба да биде добра, таа мора да биде народски условена или, подобро, уметноста којашто себеси се црпи од полнотијата на народната култура може во својата довршеност да биде добра и нешто да му значи на народот поради кој е создадена.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Значи, авторот и на едниот и на другиот текст бил истиот, учителот Димитрија Боте, со тоа што е очигледно дека првин ги правел записите, а потоа дел од нив објавил во „Цариградски весник“ во форма на допис под рубриката „Портрети на видни спомагатели на народната култура“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)