народен (прид.) - живот (имн.)

Вистината и сета онаа долгорочна разложност што треба да ги преиспита нејзините претпоставки, а што впрочем е востановување на една цивилизирана состојба на народен живот во демократија - се отфрлени поради предрасудите на заедницата којашто не сака да живее цивилизирано, туку судбински како притаен страв за себе и опасност за другите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А ако Македонија досега, со мали исклучоци, се развивала одделно од Бугарија и Србија, тогаш таа може да го прави тоа и во иднина, уште повеќе што пропагандите – бугарската и српската – ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да искоренат сѐ самобитно, сѐ чисто македонско во нашиот народен живот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што гледаме ние во најновата бугарска историја? Бугарија добива политичка слобода, најважното нешто во народниот живот, уште тогаш кога кај нив немаше народни идеали, кога и самите не знаеја што сакаат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако во историјата на културниот развиток на еден народ има два периода, меѓу коишто има еден како трети, но којшто е период на застој и е како непреодна стена меѓу нив, – тогаш во новиот период на развитокот на националното самосознание имаме преродба на народниот дух, коешто станува вистина врз стара основа, но во него влегуваат многу нови начела, во согласност со духот на времето и со специјалните потреби на народниот живот и неговите пројави. 160Таа преродба се одбележува и во книжевниот јазик и правописот: како едниот така и другиот се горе-долу слободни од некои традиции што не се согласни со современата состојба на разговорниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)