народен (прид.) - демократија (имн.)

Од тие причини, Британците биле решени со сите можни средства да се спротивстават на секој договор меѓу Југославија и Бугарија што како таков би бил само „првиот чекор кон евентуална федерација“, а во која, тие биле сосема сигурни, дека „првенство би им се дало на југословенските аспирации спрема Грција“. 148 Колку и да настојувал Черчил преку формирањето на единствената југословенска влада да задржи нешто од британските интереси во Југославија, сепак дошол до сознание дека Тито е еден од најголемите приврзаници за што поцврсто единство на КП и источноевропските земји на „народната демократија“, под неприкосновеното водство на советската партија и Сталин.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во почетокот на 1950 година кај нас стигнуваа малобројни групи Грци од земјите на народната демократија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во народната демократија слободната работничка класа може да џвака само базока.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тој јавно велеше: - И кај нас, како и на меѓународен план се спротивставени и судрени две сили: империјализмот и монархофашизмот од едната страна и народната демократија и националната независност, од друга.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тито бил заговорник на идејата на монолитно еднинство на европското комунистичко единство на европското комунистичко движење со раководен центар во Москва.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И таму во земјите на народната демократија и тука во Идризово.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)