народен (прид.) - дело (имн.)

- Во моите спомени таткото на Маре претставуваше пример на добрина, на самопожртвуваност, на верност кон народното дело.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И во суровото Толево срце се разбуди нежност и тој не можеше да ја скрие пред благодарноста на младиот пратеник што дојде да го прибере овој суров човек и го впрегне во благородниот јарем за општото народно дело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одбери популарна тема од селскиот живот, нешто за ослободувањето од ропство, родољубив мотив кој ќе го помогне народното дело. Одговорноста на уметникот е да просветува!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А и дружината го осети постигнатиот споразум, та и таа ги подели тие чувства.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)