напуштен (прид.) - дом (имн.)

Не се знае кој и кога по нас ќе ја одгатне тајната на ковчегот, бездруго еден од оние што лежи заборавен на некој таван или во ќош на стар и напуштен дом.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За некакво прибирање, за некое чудно доаѓање, кое што завладуваше полека со него, онака притиснат и собран, онака притаен и најден во своето преисконско гнездо, еден човек, во својот одамна, пред илјадници години напуштен дом, приклештен меѓу двете ветки и заштитен меѓу нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Огништето му е изгаснато, Јачмен не врзува на неговата нива, Добиток пасе горчливи билки Меѓу урнатините на напуштениот дом.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)