надежен (прид.) - време (имн.)

Беа тоа надежни времиња дека може да дој­де до подобрување на албанско-југословенските односи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во надежните времиња, веднаш по војната до 1948 година кога цветаше и свена неочекувано комунистичкото братство помеѓу Албанија и Југославија, започна да се гради оваа пруга од албанската страна, од крајморскиот Драч, до Поградец и албанско – југословенската граница, со надеж дека од другата страна на границата, од Југославија ќе пристигне новата пруга во пресрет. Таа никогаш не стигна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)