наврнат (прид.) - снег (имн.)

Пишувал долго и пишувал многу, сфати сега, оти пред него имаше само еден празен лист, за последните зборови на писмото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Секогаш се случуваше така, снегот да преврне а после или да заплисне југовината со својата блага бура, што ќе слисти барем една дебела половина од наврнатиот снег, што ќе размекне, ќе спитоми, ќе одврзе, а ќе му даде и нему доста вода за да си ги сврши сите работи, за кои беше дојден; или пак ќе дојде една од оние ведрини, ќе се изостри една таква при која сонцето ни во најцрвеното и најослепувачки огреаното пладне нема да биде во состојба да му излишти ниту една капка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој не ни видел дека се стемнило оти право пред него беше полната месечина, влегуваше низ тесното прозорче и со некој отсјај на наврнатиот снег, кој само го насетуваше овде во собава, некако пригушено, а сепак јасно му ги осветлуваше зборовите што ги напишал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)