наведен (прид.) - случај (имн.)

Ако поради делото настапи смрт на едно или повеќе лица – сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години (чл. 292, ст.1-2 од КЗ – „Тешки дела против општата сигурност“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но не онаа позната сеопшта и безмилосна вистина спремна да ти ја положи главата и на трупец, под сечилото на некој груб аргумент со тежина на непознат метал. (Поетот во наведениов случај го користи зборот метал надевајќи се дека на тој начин ги избегнува грдите асоцијации што го следат зборот гилотина).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оваа одредба двапати беше менувана со измените на ЗРО (2005): •  прво, во август 2008, таа се замени со порестриктивна одредба, според која, во наведениот случај, работникот има право на обесште- тување за неискористените денови на годишен одмор, во висина на просечната плата на работникот за тие денови (чл. 17, ЗИДЗРО/авг.08); •  второ, само по една година, повторно, се интервенираше во оваа повеќепати променета одредба – што, од своја страна, оддава впе- чаток на недоволна студиозност и номотехничке несериозност при подготовката на законите.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
11.  Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката кој има третман на вонреден правен лек [extraodrinaria auxilii], да се повтори во законски таксативно наведени случаи, меѓу кои и: – кога одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; – до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата- поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; – странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; – странката узнае за 207 нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка; – со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот (в. чл. 392, ст.1, ал.4, 6-7, 9-10 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)