навален (прид.) - на (предл.)

Вратата е подотоврена, па се гледа само лактот од тетка Анѓа навален на маса.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На мијалникот, навален на ѕидот, стоеја неколку чинии и едно тавче оставено наопачки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
До самиот брег купишта дробен камен, од спротивната страна, навалена на ридското подножје, се извишува новата зграда на универзитетот и пред неа убаво уреден паркинг.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ранет, седнат и навален на дебелото борово стебло, замоли: - Дај ми мене да се напијам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)