музикален (прид.) - човек (имн.)

Но, татко му, онака слаб, болникав, токму од тоа бледило, од таа магла, од таа смрт го поеше со чувствената меланхолија на музикалниот човек.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- А музикалниот човек? – го потсеќам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Само музикалниот човек – лунарната насмевка на пријателот Хорацио ветува уште една приказна од непредвидливиот живот, во што,пред едночасовното клацкање во разглобениот автобус, веднаш го подржувам: - Навистина, секој заод има своја мелодија...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Убеден дека ќе ја открие симфоничноста на секое случување, музикалниот човек се залажува со самодоволствата и тешко настрада...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)