мртов (прид.) - а (сврз.)

Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Богдан беше мртов а одмаздата не беше таква како што беше ветена со клетва. - Еј, брате, слаботија си ти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дури и кога Онисифор Мечкојад се исправил, тој останал да лежи на грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеле, на обесвестениот видовник очите му биле мртви а кон обете слепоочници му се леела крв, зла како што рекле пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)