мртов (прид.) - век (имн.)

Можеби сè може да се натрупа во една торба како што тоа одамна со земјата го стори Марко Крале Ги насобра заедно мирисните полиња со многу заборавени гласови; Дивите планини со мртвите векови под нив; Морињата, исплашените острови и рамнодушните риби; И тебе малечка изморена мравко под страшниот товар стопати потежок од тебе; И тебе реко од мојот сон што подмолно ми приоѓаш пред да ме завлечеш во матните; И тебе ништожно дрво на ридот што не се ни наведна да си ги собереш мртвите лисја.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)