мој (прид.) - школски (прид.)

Се сеќавам, во време на Панк наездата, еден мој школски другар целосно предаден на ерозијата на музиката, потрупан со амблеми на декадентниот рок, пред портата, на тогаш единствениот, универзитет во нашава Македонија, со цинична насмевка ме извести дека факултетот го влечка со години затоа што не може да се разбуди на време и ги преспива испитите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Истрчав од дома, со страв, и со премален здив се тутнав во собата на мојот школски другар, познатиот Специјалист за чудни болести и му кажав дека на моето прашање: „ Што е тоа што веќе го нема“, некој друг Невидлив, со темен глас ми одговори „Тебе те нема.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сетнем купувам три-четири значки, и истите редовно ги носам на мојата школска кецеља.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
НОВЕ: Господине Божо, треба ли помош? ЈАКОВ: Во жаргонот на мојот школоки другар тоа значи треба ли некому да му скрши 'рбет со пендрек.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ете, добри мои, средбата со тој мој школски другар, нашето заедничко сеќавање за учителот Станковски, ми ги донесе и сеќавањата за сите мои драги учители.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Еден мој школски другар, Никола, предложи: Ајде, да одиме ударници долу, можеби Германците оставиле муниција и некои други работи да собереме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Зад ридот беше џадето, тоа беше цело нивно, Германците го држеа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но кога дојде нејзиниот син сфатив дека се работи за мојот школски другар од Марен, Маренецот, идека мајка му има задача да изигра улога на посредник.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Видов, десно од мене неколку балисти се качуваа во мој правец, а во исто време Бошко, мојот школски другар, беше на последната отстапница која ја бранеше на едно педесетина метри од мене, ми викна бидејќи и накај него оделе балистите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еден ден, на Свети Никола, имавме игранка, гледам среде селото дојде една чеза, а од неа се симнаа мојот школски другар од Марена и двајца полицајци бугарски, се симнаа и право се упатија на орото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Гласовите од балистите ги слушав сè поблизу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)