мој (прид.) - скромен (прид.)

Но со завршувањето на мисијата и на мојата скромна улога во неа, остануваше да живее драмата на човекот, на луѓето, кои ми станаа блиски.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас тука, од мојот скромен поетски опит, ќе се обидам само да си ги преповторам себеси толку познатите и толку значајните белези со помош на кои поедноставно сум си ги разрешувал своите бројни дилеми во процесот на создавањето на песната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Имаше уште многу прашања кои сакав да му го поставам на мојот стар пријател Махмуд Дарвиш, поврзани со мојот пријател Јасер Арафат и палестинското прашање, кои беа живо присутни во еден дел од мојот живот за време на дипломатската мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Блиската роднина исчезна. Психијатарот го изгуби ентузијазмот и мојата скромна облека ја нарече аскетизам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Мајка работеше цел ден, дури и повеќе, со мојата скромна помош, за да ми го среди сопчето. Останував тука со денови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но еве таа ја врти главата и го пренесува својот поглед и својата усмевка на мене, ме опфаќа сиот да не знам просто што да правам дури се слизга тој поглед по мојата скромна појава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе се дрзнам само да го додадам моето понизно барање: Вашето Величество да го прими моето скромно дело со благонаклоност и да продолжи да му ја пружа својата пресветла Кралска милост на препонизниот и препослушниот слуга на Неговото Величество Авторот Лајпциг, 7-ми јули 1747. 18 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А му веруем на чоекот и мислам дека 90% погаѓа само што мојот скромен џебен буџет не ми дозволуе 10 минути да ги одрапам на телефонска линија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)