мој (прид.) - работен (прид.)

И прашањето (условно) и одговорот (можен?), поврзани се со овие стихови, со овој циклус песни посветени на Кочо Рацин, со овој Реквием за него, започнат пред половина столетие но присутен во мислата и чувствувањето сиве изминати години, погледнуван само на мигови, со стрептеж, сѐ до овие зимски денови кога повторно осамна меѓу ракописите на мојата работна маса.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Поинакви-исти, ние и терасата Катаден (дури и понеделнички) ја запеточувам мојата осумчасовна непродуктивност – за време на викендите трае мојата работна недела.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Знам само дека потоа светлината се прели, баш така, се прели како вода низ мојата работна маса што се наоѓа веднаш до прозорецот и дека врз целата горна површина на масата се распосла мек, шарен, светликав и многу тенок килим.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам како да почнам. Овде е генијално.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Седеше така врз килимот, односно врз мојата работна маса и гледаше право во мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ова е, значи, тој толку прочуен летачки килим, - реков откако удобно се сместив крај Игбал на килимот врз мојата работна маса.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се стрчав радосна. На мојата работна маса стоеше разгледницата со многу убава фотографија од Лондон и со ваков текст, што го нашкрабал брат ми набрзина, со оној негов ракопис кој одвај го разбирам: Од вашиот син и брат Ведан Здраво мајче, здраво татичко, здраво Гонцо!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога сум премногу радосна мене ми се случува и да скокам, и да рипам неконтролирано, а таквото нешто во овој случај можеше да биде и навистина опасно, оти јас седев на килимот врз мојата работна маса, таа пак е веднаш до прозорецот кој во тој момент беше широко отворен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако ветувате, тогаш вака. Во сиот обид и напрегање да наслушнам на што точно ме потсетува звукот кој постојано доаѓаше во мојата канцеларија преку цевките на парното греење, кои протегајќи се низ целата зграда, се спуштаа по ѕидот, близу до моето работно биро, си направив многу интересни и необично инвентивни претпоставки.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Татко ми не поверува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се упатив кон моето работно место во салата, каде што веќе Доминик, Пол и другите беа на своите работни места пред отворените компјутери.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Никој немаше да ми поверува дека ме нападнал пес во мојата работна соба ако не ми беа под лактов белезите од неговите заби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Која ви е целта? Што треба да помислам? И зошто да го сторам тоа?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Без да ја запалам ноќната ламба на мојата работна маса, се облеков и на прсти, за да не ме чујат татко ми и мајка ми, излегов од дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас сум универзитетски професор, мојот работен однос мирува.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не по секоја цена, другар Сојузен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И се враќав Брзо појдов кон мојата работна соба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)